Бесплатен практичен водич · 62 страни + Upwork бонус

Прави реалистични AI видео реклами без камера, студио и глумци.

Без бајки и празни ветувања за „милиони со еден клик“. Во овој прирачник го добиваш комплетниот, повторлив AI CHICHA систем во 10 чекори — за твојот бизнис, за MLM и affiliate на повеќе јазици, за едукативни канали или за услужна изработка на реклами за клиенти.

  • Од 1 обична фотографија на производ до 5 продажни агли — без искривена етикета и без стоење пред камера.
  • 7 грешки поради кои AI видеото веднаш вреска „ФЕЈК“ — конкретна дијагноза, Meta Safe Zone мерки и табела „Пред и Потоа“.
  • БОНУС водич за Upwork — како до странски клиенти, анализа на огласи и 3 готови шаблони за пријави на англиски.
Каде да ти го пратиме бесплатниот PDF прирачник?

Внеси ги податоците подолу и прирачникот „AI ВИДЕО ВО ПРАКСА“ (62 страни) стигнува директно на твојот мејл.

За контакт околу AI CHICHA содржините и Viber групата.

🔒 100% бесплатно 📄 PDF стигнува веднаш ✓ Без спам, одјава со 1 клик
Корица на прирачникот AI ВИДЕО ВО ПРАКСА — Реклами, бизнис, канали и заработка без камера и студио
12 поглавја + Upwork бонус Обичен лаптоп или телефон
62 страни
Конкретна пракса, табели и контролни листи
+300%
Раст на побарувачката за AI видео реклами на Upwork
1–2 $
Типичен трошок за генерирање краток оглас во системот
0 €
За камери, расвета, студио или скап компјутер
Зошто повеќето луѓе се откажуваат после првиот обид

Проблемот никогаш не е во тоа која AI алатка е во мода — туку по кој редослед ги поврзуваш чекорите.

Ако веќе си пробал некоја AI алатка и си добил чудни прсти или матна етикета, или гледаш како огласите на мрежите ти запираат по две недели — не си сам. Еве ги трите ѕидови што овој прирачник ги руши уште од првата страна:

01

„Facebook не ти поскапе — туку рекламата ти се излижа“

Многу сопственици на бизниси се жалат дека Facebook рекламите веќе не им носат резултат како порано. Во овој прирачник ќе видиш зошто се случува тоа и како редовно да ги освежуваш своите огласи.

А ако сакаш да правиш AI видеа, ова ти е директна шанса на тие бизниси да им понудиш и наплаќаш редовна изработка на свежи видео реклами — дури и ако ти самиот воопшто не пушташ Facebook огласи.

Денешните алгоритми ја трошат истата реклама за 14 до 21 ден. Кога ќе застане продажбата, повеќето мислат дека е криза, а всушност ти требаат 3 до 5 нови агли — без да плаќаш ново снимање на секои две недели.

02

Пластични лица и измислени букви на амбалажата

Кога алатката погодува од еден случаен промпт, резултатот веднаш вреска „ФЕЈК“ и ја убива довербата на купувачот. Во книгата добиваш точен систем како да го заклучиш својот производ, природната кожа и мирното движење.

03

Немаш студио, немаш време за снимање — ниту сакаш пред камера

Не мора да станеш инфлуенсер ниту да праќаш роба по карго на креатори. Од една чиста фотографија со телефон правиш различни презентери, сцени и верзии на 3 или 5 јазици — директно од твојата соба.

Споредба на лошо пластично AI видео со заматена етикета и природна фотореалистична UGC реклама
Случаен промпт наспроти AI CHICHA систем (Поглавје 08) Лево се восочна кожа, стаклест поглед и матна етикета; десно се природна дневна светлина, реална текстура на кожата и целосно читлива амбалажа.
100% AI генерирано

Реализам што се гледа и во движење.

Погледни како изгледаат природните движења, емоцијата и говорот, заедно со уверлива перспектива и положба на ликовите во просторот. Примерот со танцот и кученцето покажува како сето тоа изгледа во една AI сцена.

Од една обична фотографија на тегличка на телефон до три професионални рекламни сцени
Принцип „1 производ → повеќе агли“ (Поглавје 04) Обична фотографија од производот сликана со телефон станува појдовна референца за амбиентална сцена, природен UGC кадар и луксузна макро снимка.
Важно правило на превод: Наместо ова шишенце серум или тегличката на сликата, замисли го твојот производ, дуќан, салон, ресторан, апартман, мајсторска услуга или производот на твојот клиент. Истиот систем работи во секоја дејност.
Мапа за 4 профили читатели

Одбери каде си ти денес — и види кои поглавја се твојата златна жица

Не мора да имаш иста цел со некој друг што ја чита оваа книга. Одбери го својот профил подолу и веднаш ќе видиш што конкретно добиваш од прирачникот:

Одбери 1, 2, 3 или 4
за да ја видиш содржината прилагодена за тебе.

Приоритетни поглавја: 1, 2, 4, 8, 9, 10

Web shop, салон, ресторан, недвижности, занает или услуги

Бркаш набавки, купувачи и испораки — немаш ни време ни живци секоја недела да местиш расвета, да глумиш пред телефон и да плаќаш скапи снимања што се излижуваат за две недели.

Што решаваш во прирачникот

Како од една фотографија на твојот вистински производ или простор да направиш 5 различни продажни агли (примери за 10 конкретни дејности + готови hook почетоци).

Главен резултат

Постојан прилив на свежи, уверливи реклами за твојот бизнис — без студио, без глумци и без да ја оштетуваш робата на снимање.

Преземи бесплатен прирачник →
Споредба на класично филмско студио и изработка на реклами од лаптоп дома
Содржина на прирачникот · 62 страни

Што точно има во бесплатниот водич „AI ВИДЕО ВО ПРАКСА“?

Ова не е брошура од пет страни со општи фрази. Секое поглавје носи конкретни чекори, примери од пракса, табели и шаблони што можеш да ги примениш веднаш.

Поглавја 01 – 03

Нова видео економија и чиста математика

  • 01Замор на огласи и Meta реалност: Зошто огласот паѓа после 14–21 ден и зошто козметичките измени на текстот веќе не помагаат.
  • 02AI видео наспроти класично снимање: 16 скриени ставки на едно снимање и каде класичната камера сè уште победува.
  • 03Раст на пазарот над 300%: Разликата меѓу „AI играчки“ (змејови) и комерцијални видеа за кои фирмите навистина плаќаат.
Поглавја 04 – 07

Четири практични патишта за бизнис, канали и заработка

  • 04Сопствен бизнис во 10 дејности: Конкретни примери и хукови за козметика, суплементи, HoReCa, салони, недвижности, мајстори и B2B.
  • 05MLM, Affiliate и Dropshipping: Крај на истите компаниски видеа и како истата реклама да излезе на странски пазари на повеќе јазици.
  • 06Едукативни и faceless канали: 8 профитабилни ниши, структура за задржување внимание и 6 модели на монетизација.
  • 07Услужна изработка за клиенти: 3 месечни пакети (Hook Testing Retainer) и методот „15 секунди однапред“ за првиот клиент.
Поглавја 08 – 10

Занает без „ФЕЈК“ изглед и контрола на трошоците

  • 087 грешки поради кои AI вреска „ФЕЈК“: Пластична кожа, 6 прсти, матна етикета, роботски глас, Meta Safe Zone мерки и листа „Пред и Потоа“.
  • 09AI CHICHA систем во 10 чекори: 6-Layer метода за почетен кадар, формула „1 кадар = 1 движење“ и концептот 24/7 Промпт Машина.
  • 10Опрема и реални трошоци за алатки: Зошто ти е доволен обичен компјутер или телефон и како да не фрлаш 100+ $ месечно на скапи претплати.
Поглавја 11 – 12

Докази од кај нас и регионот + план за првите 30 дена

  • 11Вистински луѓе, вистински трудови: Приказни и видео примери на учесници од кај нас и регионот без предзнаење и скапа опрема.
  • 12План за акција за првите 30 дена: Јасен неделен распоред од првите почетни кадри до готови реклами и тестирање варијанти.
  • ✓Контролна листа пред објава: 10 точки што ги проверуваш за две минути пред да пуштиш оглас или да испорачаш труд на клиент.
Вклучено бесплатно · Посебен Бонус додаток

Заработка на Upwork со AI видео: Од првата работа до месечни договори

Посебен практичен водич на крајот од прирачникот за сите што немаат свој производ, а сакаат да понудат изработка на кратки AI реклами за американски и европски фирми и агенции — од својата соба, без одење во странство.

  • 4 типа Upwork работи што најлесно се затвораат со овој систем
  • Како да поставиш профил на специјалист за едно попладне (+ готов Overview шаблон)
  • Како за еден викенд да направиш 3 убиствени портфолио примери без претходни клиенти
  • Рендген на оглас за 60 секунди: зелени светла наспроти црвени знаменца
  • 3 готови copy-paste шаблони за пријави на англиски (вклучувајќи го и методот „15 секунди однапред“)
  • Како еднократен тест да го претвориш во месечен пакет (Retainer)

Искрена математика: Изработка на 10 кратки рекламни видеа (од Поглавје 02)

Зошто малите бизниси, продавачите и агенциите масовно преминуваат на контролиран AI видео систем:

Критериум Класично снимање Ангажирање UGC креатори AI CHICHA систем
Ориентациски трошок (10 видеа) 2.500 – 5.000+ € 1.000 – 1.500 € ~10 – 20 $ (трошок за генерации)
Време од идеја до објава 3 – 6 недели 10 – 14 дена (праќање + снимање) 1 – 2 дена (во твое темпо)
Потребна опрема Камера, расвета, микрофони, стативи, јак компјутер Физичко праќање производи по карго Обичен лаптоп, таблет или телефон и интернет
Измени на цена или почеток (hook) Често бара ново снимање на цел кадар Дополнителна наплата за доснимање и чекање Менуваш реченица, глас или еден кадар за неколку минути
Повеќе јазици (MK, SR, HR, DE, EN) Нови глумци за секој пазар посебно Посебен креатор и договор за секој јазик Истиот лик и истата сцена зборуваат 3, 5 или 10 јазици
Доказ дека ова не е теорија

Погледни ги деталите на фотореализмот — и вистинските трудови на луѓе од кај нас и регионот

Ниту еден од овие примери не е снимен со камера. Погледни ја текстурата на кожата, порите, трепките и читливата етикета, а подолу види што направија обични луѓе без предзнаење и скапа опрема.

100% AI фотореализам — природна текстура на кожата и детали на окото
Природна текстура на кожата и детали на окото
100% AI фотореализам — читлива етикета на производот и препознатлив лик
Читлива етикета и доследен лик
100% AI фотореализам — трепки и движење на четкичката во крупен план
Трепки и движење во крупен план
TikTok UGC пример со измислен лик, сцена и анимација направени со AI TikTok UGC стил • 100% AI генерираноИзмислен лик, сцена и анимација — сè е направено со AI.
Златко Кузмановски — AI видео реклама за продавницата Bags Mania ▶ Погледни видео
Македонија · Пензиониран полицаец

Златко Кузмановски

Не е програмер ниту дизајнер — работеше на најобичен евтин таблет. Направи AI реклама на македонски за локалната продавница за ташни Bags Mania чисто како вежба и му ја прати на газдата. На сопственикот толку му се допадна што веднаш ја купи и ја плати.

Погледни ја рекламата на Златко ↗
Драган Матијевиќ — AI видео реклама за детската игротека Smiley во Тузла ▶ Погледни видео
Тузла · Платени клиенти

Драган Матијевиќ

Веднаш откако го помина системот направи и наплати AI реклама за детската игротека Smiley. Потоа прати двојазично демо до германска стоматолошка ординација во Брчко — сопственикот му се јави за 10 минути и го викна на состанок.

Погледни ја рекламата на Драган ↗
Весна Ничковиќ — прво AI видео направено на телефон ▶ Погледни видео
LitiCo d.o.o. / mojastruja.rs · Соларни панели

Весна Ничковиќ

Води сериозен бизнис со соларни панели. Само половина час по завршувањето на еднодневната работилница, на својот мобилен телефон ги изгенерира првите два поврзани AI клипови со истите ликови и природен дијалог.

Погледни го првото видео на Весна ↗
TikTok UGC пример со измислен лик, сцена и анимација направени со AI TikTok UGC стил • 100% AI генерираноИзмислен лик, сцена и анимација — сè е направено со AI.
Борис Јаневски (AI CHICHA) на работната маса
Кој стои зад прирачникот

Борис Јаневски — попознат како AI CHICHA

Првиот компјутер го имав во 1986 година — легендарниот Commodore 64. Повеќе од петнаесет години работам онлајн продажба, маркетинг, содржина и продажни кампањи.

Во приказната со AI видео влегов поради мојот бизнис. Не сакав со готови AI модели да правам клипови каде летам на змеј или нуркам со ајкули — тоа може да собере лајкови, ама мене ми беше важно да ги продавам моите производи. Ми требаа конкретни, уверливи реклами и визуали за продажба, брзо и евтино, без да собирам цела филмска екипа секој пат кога некој оглас ќе застане.

Пред да го склопам овој систем, ги поминав сите замки — плаќав скапи странски претплати, гледав развлечени американски курсеви и добивав луѓе со шест прсти и измислени етикети. Сè што научив во пракса го спакував во овие 62 страни за да ти заштедам месеци лутање и пари.

„Па луѓе, не сме запишале втор факултет — тука зборуваме за конкретен занает што веднаш работи за твојот бизнис.“
Кратки и искрени одговори

Чести прашања пред да го преземеш водичот

Да, 100% е бесплатен. Ги оставаш твоето име, презиме, е-пошта и телефонски број, и комплетниот PDF прирачник со сите 12 поглавја и Бонус додатокот за Upwork стигнува директно во твојот inbox.

Не. Целата тешка компјутерска работа се одвива онлајн на серверите на AI сервисите, а не на твојата маса. Доволен ти е скроз обичен канцелариски лаптоп, таблет или телефон и стабилен интернет.

Да. Поглавјата 3, 6, 7 и комплетниот Бонус додаток за Upwork се пишувани токму за луѓе што немаат свој производ, а сакаат да покренат едукативен канал без камера или да прават AI видео реклами како платена услуга за домашни и странски клиенти.

Книгата е напишана на обичен, разбирлив македонски јазик, без програмерски жаргон. Не се користат комплицирани холивудски програми, а во прирачникот е објаснето и како AI наместо тебе пишува промптови, преводи и деловни пријави на англиски.

Не. Покрај самиот PDF прирачник, повремено ќе добиваш конкретни AI CHICHA видео примери, практични совети и најави за бесплатни Zoom вебинари. Ако некогаш посакаш, се одјавуваш со еден клик на дното од секој мејл.

Занает во раце — почни уште денес

Престани да погодуваш и да губиш време на случајни промптови.

Преземи го бесплатниот прирачник „AI ВИДЕО ВО ПРАКСА“ (62 страни) и за едно попладне склопи ја целата слика — од првата идеја и чиста фотографија на производот до готова реклама и првите клиенти.

Преземи го бесплатниот PDF прирачник веднаш

12 поглавја · 7 грешки „Пред и Потоа“ · 30-дневен план · Upwork Бонус водич

За контакт околу AI CHICHA содржините и Viber групата.

🔒 100% бесплатно 📄 62 страни во PDF формат ✓ Одјава со еден клик

Сакаш да видиш уште живи примери на AI видеа? Влези во AI CHICHA Viber групата каде споделуваме нови трудови, најави за бесплатни вебинари и практични трикови.

ВЛЕЗИ ВО AI CHICHA VIBER ГРУПАТА
Преземи бесплатен PDF (62 страни) →